Како раскинуваат мажите а како жените? На посилната половина и треба повеќе време пред да одлучи да ја прекине врската

Истражувањето даде интересни податоци
Раскинувањето на емотивната врска е често болно и тешко, без разлика кој го иницирал раскинувањето. Но, мажите и жените се разликуваат во начинот на кој донесуваат таква одлука.
Истражувањата покажуваат дека на посилниот пол им треба повеќе време од жените за да ја прекинат врската! На дамите им требаат најмногу шест дена за да донесат таква одлука, а на мажите приближно еден месец. Затоа, посилниот пол потемелно ја анализира својата намера пред да преземе таков чекор.
Кога станува збор за методите за раскинување, повеќето жени сметаат дека најдобро е тоа да се направи на директен начин, со искрен разговор со партнерот, бидејќи тоа е помалку болно. Од друга страна, околу 88 отсто од мажите велат дека пред се е потребно добро да размислат и детално да го испланираат раскинувањето, за да биде помалку трауматично за другата страна.
Но, кога размислуваат за раскинување, и’ жените и мажите се водат од лични чувства кои можеби ги потиснале во текот на врската. Да речеме, се случува во еден момент партнерскиот однос повторно да изгледа функционален, но по мало несогласување и проблем, се да се врати како порано. Потоа доаѓа чувството на депресија и тага, бидејќи личноста конечно сфаќа дека на врската и дојде крајот и нема враќање назад. Но, кога ќе се случи раскинувањето, сите ќе се соочат со прашањето: „Дали некогаш ќе сретнам личност како неа или него?“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдете рамнотежа – Одредена храна може да предизвика забрзано стареење, намалете го внесот на овие намирници

Храната што ја консумираме секојдневно игра важна улога во нашето тело, а некои од нив …