Никако да ги отстраните сите дамки и нечистотии на рамната плоча на шпоретот? Пробајте некои од ОВИЕ 4 ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ – ринглите ќе бидат како нови!

За многумина, чистењето на керамичката плотна изгледа како многу полесна работа во споредба со класичните рингли, но одржувањето на рамна плоча е главоболка за многу домаќинки, особено ако јадењето случајно преврие.
Наместо да купувате скапи хемикалии и производи за чистење, пробајте природни производи. Користете само меки крпи и сунѓери, а жиците и стругалките треба да се избегнуваат. Овие природни средства за чистење се многу лесни за правење, а состојките веќе ги имате во вашето домаќинство.

1. Сол и сода бикарбона
Во сад измешајте една лажица сол со една лажица сода бикарбона. Добро измешајте, па додадете лажица вода и мешајте додека не добиете паста. Добиената смеса нанесете ја на сунѓерчето и со него исчистете ја плотната. Избришете со млака вода и чиста крпа и ќе блесне како нов.


2. Лимон и сода бикарбона
Лимонот се покажа како моќна намирница во борбата против маснотиите, а сода бикарбоната е незаменлива состојка кога станува збор за чистење. Посипете грст сода бикарбона на плочата или на ринглите, а потоа истријте го шпоретот со кришка лимон.
Сода бикарбоната ќе помогне да се отстранат мрсните дамки без гребење на површината. Откако ќе ги отстраните дамките, избришете го шпоретот со влажна крпа за да ги отстраните остатоците од сода бикарбона и лимон.

3. Алкохолен оцет
Измешајте алкохолен оцет и вода во сооднос 1:2 и истурете во шише со распрскувач. Оваа смеса е одлична за чистење на шпоретот и рерната, а можете секојдневно да ја користите за чистење на кујнските елементи.


4. Паста за заби
Валканиот рамна плоча на шпоретот, верувале или не, лесно ќе се исчисти со обична паста за заби. Нанесете ја пастата на туфер, памучна вата или марамче, нежно тријте ја на површината на плочата и на крајот избришете со влажна крпа. Исклучително е ефикасно за отстранување на изгорени дамки од искипено млеко, но и за отстранување на дамки од масло од пржење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …