Како кралицата „му спуштила“ на Путин во 2003. година, откако тој задоцнил 14. минути на состанокот

ПО смртта на кралицата Елизабета, луѓето ширум светот се сеќаваат на моменти од нејзиниот живот. Меѓу другите, многумина се сеќаваа на средбата на кралицата со Владимир Путин во 2003. година.
Рускиот претседател на таа средба доцнел 14. минути. Според поранешниот британски министер за внатрешни работи Дејвид Бланкет, кралицата не била среќна поради тоа.

This image has an empty alt attribute; its file name is kralicata-elizabeta-i-vladimir-putin-1.jpg


Бланкет подоцна и се извинил на кралицата бидејќи неговото куче водич лаел на Путин, а таа потоа коментирала: „Кучињата имаат интересни инстинкти, нели?“, рече некогашната кралица насмевнувајќи се.

Инаку, во четвртокот, по смртта на кралицата се огласи и Владимир Путин.
„Кралицата со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитетот на светската сцена. Ви посакувам храброст и издржливост пред оваа тешка, непоправлива загуба. Може ли да ве замолам да го пренесете моето искрено сочувство и поддршка до членовите на кралското семејство и до целиот народ на Велика Британија“, напишал Путин во писмото до Чарлс III, новиот британски крал.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …