Како да се ослободите од болките во грбот

Ако болката е силна или трае неколку недели, треба да побарате медицинска помош…
Долниот дел на грбот е врска помеѓу горниот и долниот дел од телото и како таков носи најголем дел од нашата телесна тежина и често чувствуваме болка во тој дел од грбот. Добрата вест е дека овој непријатен симптом во повеќето случаи поминува за една недела или две, со основна грижа за самите себе. Меѓутоа, ако болката е силна или трае неколку недели, треба да побарате медицинска помош.

Земање лекови
Ако сте одлучиле да бидете силни и да дозволите времето да го направи своето, сепак можете да ја ублажите болката со лекови како што е ибупрофен, кој, според истражувањата, најдобро ќе делува на овој тип на болка. Можете исто така да користите ќесичка замрзнат грашок првите 48. часа додека болката малку не се смири.
Ако можете да издржите, ставете го на болното место околу 10. минути, неколку пати на ден. Кога ќе заврши овој период, заменете ги ладните облоги со топла крпа. Ладните облоги ги „затвораат“ капиларите и го забавуваат протокот на крв во тој дел од телото, што помага да се намали отокот, додека топлите облоги ги релаксираат затегнатите мускули и ја зголемуваат циркулацијата и донесуваат повеќе кислород до ткивата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …