Јонче Христовски одамна не напушти но неговите – „Едно име имаме“ и „Македонско девојче“ вечно ќе живеат секаде каде што царува убавиот македонски дух! (ВИДЕО)

Јонче Христовски,кој не напушти пред 18. години, остави неизбришлива трага во македонската народна музика.
Јонче многумина го памтат како автор и пејач на шеговити народни песни, но и како уметник и изведувач кој оставил голем опус на кој сме сите горди. Но, некои од неговите песни засекогаш ќе останат да живеат меѓу нас…

Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните. Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.


Денес ве потсетуваме на две негови песни:
„Едно име имаме“ со Јонче Христовски и со придружба на „Танец“


 

Но, Јонче Христовски ни остави уште една песна а тоа е „Македонско девојче“, песна која е стара 52. години, а настанала на првиот роденден на Невенка – ќерката на Виолета Томовска, „Македонско девојче“ е препеана на најмалку 10 светски јазици, се пее на седенки, свадби, но и на спортски настани – секаде каде што царува убавиот македонски дух.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …