Јелена Розга испрати новогодишна честитка за македонската публика и покана за луда журка

„Драги мои, ви посакувам среќна и успешна 2024 година. Многу здравје, среќа и љубов, а турнејата „Минут срца мог“ продолжува и ние ќе се дружиме во арената „Борис Трајковски“ на 10 февруари. Дојдете сите лудо да се забавуваме и да пееме на најјако. Ве сака многу вашата Јелена“, вели во својата новогодишна честитка испратена до македонската публика – Јелена Розга, која по неколкуте спектакуларни концерти во регионот, на 10 февруари ќе настапи и пред домашната публика.

Кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, која е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека и низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола“, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, ветува незаборавна дружба. Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција.


Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје во организација на Скајмјузик се достапни онлајн, преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …