Извештај на ИЈЗ за периодот 4 до 10 јануари 2021г: Намалување на бројот на смртни случаи и процентот на позитивни од тестирани, зголемен број на оздравени лица!

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари 2021г. Тестирани се вкупно 13.022 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 20,8% во однос на минатата недела.
Регистриран e 2.471 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.140; 46,1%), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=622, 25,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=470; 19,0%), 50-59 (n=455; 18,4%), 30-39 (n=455; 18,4%) и 20-29 (n=330; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=39; 1,6%) и 10-19 години (n=100; 4,0%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.460 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8% повеќе во споредба со минатата недела.
Во периодот на известување, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лицa биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 4 до 10 јануари 2021 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …