(ВИДЕО) Огнен Здравкоски, за „Бекстејџ“, првпат се огласи по смртта на неговиот вујко Зоран Џорлев: „Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерарно му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе не чува од горе“

„За вујко ми ќе кажам дека беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот. Тој ми беше како втор татко. Секогаш ме советуваше за музиката, за моето пеење. Среќен и горд сум што ми беше вујко. Тој беше човек со огромно срце, огромна душа, знаеше да прави само добри работи“, вели Здравкоски.

Македонскиот виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев почина пред речиси две недели поради последици од коронавирусот.
Џорлев бил заразен со коронавирус и се лекувал на Инфективната клиника во Скопје. Неговата состојба била стабилна, но се откачил тромб и нашиот познат музички уметник ја изгуби битката со короната.
Македонската јавност беше затечена од оваа вест, а неговите колеги, пријатели, а посебно неговото семејството е неутешно поради големата загуба.



Неговиот внук, пејачот Огнен Здравкоски првпат се обрати до јавноста откако почина неговиот вујко.
Тој за „Бекстејџ“ вели дека веста за смртта на Џорлев прва ја дознала неговата вујна, а потоа и целото семејство.
„Ние живееме сите заедно, неговото семејство и моето семејство во иста куќа. Се лекуваше на Инфективна клиника во Скопје и лекувањето беше стабилно. Немаше некои компликации. И последниот ден, последниот час се случи тоа што не требаше да се случи, се откачил тромб и не успеа да се избори со оваа проклета болест. Ете ќе кажам тоа било Божја волја, така требало да биде. Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерарно му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе не чува од горе“, вели Огнен за „Бекстејџ“ и додава:


„За вујко ми ќе кажам дека беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот. Тој ми беше како втор татко. Секогаш ме советуваше за музиката, за моето пеење. Среќен и горд сум што ми беше вујко. Тој беше човек со огромно срце, огромна душа, знаеше да прави само добри работи“, вели Здравкоски.


Тој додава дека ќе продолжи да чекори по неговите стапки.
„Ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да исчекорам по тој пат и да ја продолжам традицијата која тој ја правеше за нашето семејство. Многу песни, многу проекти останаа недовршени, но ќе ги довршиме некогаш и некаде“, вели Огнен со солзи во очите.
Здравкоски на крајот упатува порака до сите да се чуваат, да се сакаат, да се шири позитивна енергија.


Инаку, Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти, почитуван меѓу колегите од музичката фела. Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството.
Во 1989. дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во јануари 2011. бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017. година.
Зоран Џорлев зад себе ги остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин.
Да потсетиме, Огнен Здравкоски и неговата мајка Софче Џорлева исто така беа заразени со коронавирус, но успејаа да ја победат битката.

Извор: vistina.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …