Изложбата „Заедно дишеме, јадеме и пиеме“ во сабота од 12 часот во паркот кај печурките општина Кисела вода

Оваа сабота со почеток од 12:00 часот во паркот Македонија пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, ќе се одржи уметничкиот проект на Симона Манчева насловен како „Заедно дишеме, јадеме и пиеме“.

„Заедно дишеме, јадеме и пиеме“ е партиципативен и колаборативен уметнички проект на Симона Манчева, кој се надоврзува на интересите од минатогодишното истражување со наслов „Заедно дишеме“ покренувајќи прашања за начинот на кој живееме и се однесуваме спрема природата. Овој проект се реализираше во Велес (поточно кај месноста Лавчани), и во Кавадарци во соработка со уметниците Доротеј Нешовски, Ана Трајковска, Драганчо Таневски, Ристо Јосифовски и Елена Димова Пантелиќ, поддржани од КСП Центар-Јадро.


Климатските промени и пандемијата која сите ја почувствуваме со стравот како, каде и што дишеме, влијаеше за темите на истражување. „Заедно дишеме, јадеме и пиеме“ во својот визуелен аспект нуди преиспитување на начините на кои ѝ пристапуваме на природата, подигнување на свеста за екологијата, и активно делување на заедницата во решавање на проблемите на микро ниво.

Белешките насловени „Човечки активности и одлуки“ зборуваат за херофобијата, за нашиот општествен поредок и стравот да уживаме во природните убавини се со цел за подобро утре, акцентирајќи ја ирационалната аверзија кон среќата.


Во соработка со Партизанска штампа ќе имаме можност да изработиме дела со сито печат техника, со што ќе ги насочиме нашите размислувања и делувања кон здравјето на населението како предуслов за квалитетен живот и благосостојба. Овие аспекти имаат фундаменталното значење за одржливиот развој, чија цел е да се дигне свеста за екологијата и меѓузависноста на човекот со природата.

Генетските фактори се значајни, но сепак начинот на живеење и влијанието на животната средина се пресудни за здравјето на населението. Преку инсталација од отпад ќе можеме да го видиме нашето секојдневие, и тоа како преку обидите да се заштитиме себе си, понекогаш самите си одмагаме.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …