Породувањето воопшто не е лесно, мајките обично се исплашени и збунети, особено ако се работи за прво дете. Целиот процес е непознат, а со силни болки се’ е уште потешко. Сепак, поддршката е многу важна овде, затоа многу татковци сакаат да присуствуваат на породувањето и да бидат таму за време на раѓањето на бебето.
Ова се непроценливи моменти за мајката и бебето, а што велат татковците за тоа?
„Бев блед како крпа како додека стоев во породилната сала. Бев шокиран кога ми дадоа дете кое личеше на вонземјанин. Ништо не те подготвува за таков шок, што и да слушаш”, рекол еден татко од Редит кој бил потполно искрен.
„Ги гледав двете мои деца како доаѓаат на свет. Беше чудно искуство. Мало е, крваво и гадно, но исто така е најдоброто нешто што сум го доживеал. Чудно е, всушност има многу малку крв, но има многу други течности. Телото на жената е неверојатно“, рекол еден татко.
Еден рекол дека искуството со царски рез со спинална анестезија му било многу чудно, бидејќи жената разговарала со докторот додека ја прават операцијата. „После тоа само го извадија, како да не е ништо, како двајца кошаркари да фрлаат топка“.
„Мојата сопруга градеше врска со бебето девет месеци, ден по ден. За мене, иако бев присутен во текот на целата бременост, сето тоа се случи во една секунда и тоа тогаш кога ќерка ми заплака. Сите емоции се собраа на тоа момент.Прво се замрзнав, а потоа почнав да плачам“, искрено рекол еден татко.
Многу татковци се согласиле дека нивното присуство во породилната сала е најтрауматичното, но и најубавото нешто што го доживеале. „Се преправам дека сум храбар и мирен поради сопругата, а срцето ми чука, не смеам да гледам“.
Поради пандемијата, присуството на татковците во моментов е забрането во породилиштата. Генерално, овој чин е целосно дозволен скоро во цел свет, а лекарите велат дека луѓето се поделени. Додека некои мајки и татковци целосно го поддржуваат и сакаат ова искуство, многу жени рекле дека тоа е нешто премногу интимно и сакаат сами да поминат низ тоа.