Искрена изјава на Ацо Пејовиќ пред неговиот голем концерт во Скопје: Македонската публика ме освои од прва

На само неколку дена пред големиот концерт на Ацо Пејовиќ во арената Борис Трајковски, тој одвои време и даде куса и интересна изјава за Екран. Задолжително прочитајте!

Најпрво би сакал да ги поздравам вашите читатели. Велат дека моментално сум на врвот на мојата кариера и јас би се согласил со истото. Можам да кажам дека ги остварив сите цели во животот. Уживам во концертите и настапите ширум регионот, но мора да признаам дека моето семејство е она што ме исполнува најмногу. Се друго е неважно. Имам прекрасна фамилија, прекрасни деца, сопруга, а кога човек го има сето тоа, едноставно не треба да се жали. Но, изминатиот период можам да кажам дека ми беше навистина тежок, во неколку интервјуа зборвував дека неколку дена бев многу лошо. Тоа се почувствува на концертот на мојата кума во Загреб. Едвај ги издржав тие три песни како гостин, по што завршив во болница. Бев на инфузии, сакаа да ме задржат. Едноставно бев уморен. Следниот ден имав концерт во Риека, по четвртата песна сакав да престанам. Морав добро да се одморам по концертот. Но како велат, тоа се предизвиците од нашата работа.


Македонската публика ме освои од прва. Јас многу ја сакам македонската публика, луѓето се мераклии, весели, насмеани, не знам тоа мене ми е прва асоцијација кога некој ќе ми каже дека е од Македонија. Исто така, она што ми е фасцинантно е македонската храна, најубавата храна на балканот е македонската. Едноствано секогаш кога доаѓам во Македонија се чувствувам
како дома.

Се гледаме на 23-ти во арената Борис Трајковски!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …