Премиера на детската новогодишна претстава “Приказна за фамилијата Мраз” во кино Милениум

На 23 и 24 декември со две изведби од 11 и 13 часот, премиерно ќе биде изведена преставата ‘’Приказна за фамилијата Мраз” во градското кино Милениум.

Главните актери во преставата,  Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ кој помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен ‘’Театар за деца и младинци”, ќе се обидат на комичен, едукативен и крајно забавен начин ја пренесат новогодишната магија кон најмладата публика.


Преставата говори за магичен свет, во кој постојат дури двајца ‘’Дедо Мразовци”. Преку ликовите, најмладите ќе се запознаат подобро со “проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони”, како и незгодите и збрките кои ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик чија намера ќе биде “да се упропасти Новата Година”.

Од кино Милениум и МКЦ ветуваат одлична забава за најмладите, но и за возрасните присутни со своите најмили.


“Приказната за фамилијата Мраз” е претстава која е ко-продукција меѓу Скопје Комеди и новоформираната екипа “Весели Ирваси”.
Билети за преставата може да се најдат на онлајн линкот за продажба www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на киното Милениум по цена од 300 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …