Премиера на новогодишната театарска претстава “Снежно патување“

Во среда, на 20 декември 2023 година, со почеток од 19:00 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, премиерно ќе ја одигра новогодишната театарска претстава “Снежно патување“.

Автор на текст и режија: Александар Малинков
Соработници: Микица Илова, Фросина Василев и Сара Милевска
Музика/светло: Марјан Тодоровски/Пепи Ангелов
Сценска поддршка: Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци


Играат: Јакоб Грим – Александар Малинков; Вилхелм Грим – Видан Станоев; Дедо Мраз – Диме Коцевски; Вештерката – Микица Илова; Црвенкапа – Јована Секуковска; Рудолф – Сашко Орешков; Јованче – Ристе Стојанов; Марика – Арелена Гостимировиќ; Џуџето – Евгенија Илова; Олаф – Атанас Димков; Страшилото – Давид Василев; Снежната кралица – Стефанија Јованова; Ловецот – Александар Стојков; Елените – Елена Илиева, Татјана Стојанова, Марија Јосифовска и Цветанка Ганева.

Влезниците по цена од 150 денари се подигаат на билетарницата на Домот на културата.


Се гледаме на Театар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …