Азиска премиера на „Бизнисот на задоволството“

Политичкиот трилер во режија на Гоце Цветановски, вечерва (19 декември) ќе биде прикажан на 21. издание на Chennai International Film Festival во Индија, како дел од официјалната селекција во програмата World Cinema competition.

„Бизнисот на задоволството” досега е селектиран на повеќе од 20 меѓународни филмски фестивали во Европа, Америка, Јужна Америка и Африка, и е добитник на пет интернационални награди.


Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за Филм.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …