„Илика“ – нова кафе-книжарница во Скопје

Издавачката куќа „Илика“ ве поканува на отворањето на кафе-книжарница Илика.
Дојдете на отворањето на 27 јануари 2024 година (од 11 до 19 часот), пробајте го нашето кафе и купете си некоја нова книга, а ние ќе ве почестиме со вкусни домашни колачиња и домашно вино. Низ разговор ќе ви раскажеме нешто повеќе за изборот на книги кој го направивме во склоп на темата за месец февруари „АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ“. Дојдете да летаме заедно и заеднички да создадеме нов простор за книжевни средби, разговори и откритија.

Кафе-книжарницата Илика е наша нова тајна оаза во срцето на Скопје каде што ќе можете (барем накратко) да избегате од гратската бучава, да го пролистате дневниот весник пиејќи кафе или чај и да уживате во одбрани книги од помалите македонски издавачки куќи. Покрај изданијата на издавачката куќа Илика, тука ќе може да најдете одбрани изданија на издавачките куќи Или-Или, Темплум, Полица, Антолог, Бегемот, Сигмапрес, Бункер, ПНВ Публикации, Сказнувалка, Артконект и Слово, се вели во објавата од организаторите на овој настан.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …