Проекција на филмот „Pushing Tin“ и дискусија за одговорноста на контролорите на летање

На 27 јануари 2024 година (сабота), со почеток во 19:30 часот, во Малата сала на Центар за култура во Битола, ќе биде прикажан филмот „Pushing Tin“ и ќе се одржи дискусија на тема: одговорноста на контролорите на летање.

Ако сакате да научите што значи да си контролор на летање и колку оваа професија е важна за безбедноста на авиосообраќајот, ве чекаме на проекција и дискусија!


Во сабота го гледаме филмот Pushing Tin (1999) во режија на Мајк Њуел, кој е спој на драма и комедија, а ги следи животите на двајца контролори на летање и нивното професионално ривалство. Приказна која ни дава одличен увид во природата и предизвиците на оваа одговорна професија.

После проекцијата следува дискусија со Никола Сотировски, Надзорен обласен контролор на летање, кој ќе ни ја доближи оваа уникатна и несекојдневна професија, се вели во објавата на организаторите на овој настан.


Влезот е бесплатен. Ве очекуваме!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …