„Иконокластични изведби: Кон Агонистичка Политика на Слики“ – Предавање на Андреј Мирчев

Во рамките на осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, годинава тематски насловен како „Заробени во слободата“, свое предавање проследено со дискусија на тема „Иконокластични изведби: Кон Агонистичка Политика на Слики“ ќе одржи академикот, драматург и визуелен уметник Андреј Мирчев. Настанот ќе се одржи во четврток на 25 јануари 2024 година со почеток во 18:00 часот во просториите на КСП Центар Јадро.

Фокусирајќи се на концептот на иконoкластична изведба, предавањето го обмислува на мачниот однос помеѓу уметничките практики и современата политика обележана со неолиберална амнезија. Во контекст на тековните културни војни, актите на кршење на сликите означуваат субверзивни тактики за нарушување на циркулацијата на неофашистичките идеологии усогласени со територијалната логика на капитализмот, патријархалното и колонијалното насилство. Во исто време, упорното уништување на социјалистичките споменици е едно од одлучувачките алатки на историскиот ревизионизам после падот на Берлинскиот ѕид. Деконструирајќи ги симболите и претставите на моќта, овие чинови го оспоруваат неолибералниот јавен простор изграден околу исклучувањето на Другоста, но може да доведат и до негово зацврстување. Во обид да се артикулира агонистичка политика на слики, ќе се испита двосмислената идеја за иконокластични изведби и ќе се фрли светло врз нивната естетска моќ за да ги изложи алтернативните модели на родова, расна и класно свесна субјективација.


Андреј Мирчев е академик, драматург и визуелен уметник. Неговото истражување се занимава со дијалектички трансфер помеѓу теоријата и практиката, а неговите интереси се: просторна теорија и теорија на изведба, интермедијалност, меморија и архиви. Мирчев бил научен соработник во Меѓународниот истражувачки центар „Преплетување на културите на перформанс“ во Берлин. Предавал на Институтот за применети театарски студии во Гизен, на Универзитетот за уметност и дизајн (HfG) во Карлсруе и на Институтот за театарски студии, ФУ Берлин. Во моментов е гостински професор на Универзитетот за уметности во Берлин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …