Среќен роденден Влатко Стефановски !!!

Влатко Стефановски е роден во Прилеп на 24 јануари 1957 година. Тој е македонски рок, поп и џез музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“.

Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители, како уметници, често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе. Влатко Стефановски живее со своето семејство (која ја сочинуваат сопруга Гордана, ќерката Ана и синот Јан) во Скопје. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го сместил неговото тонско студио „Езотерија“.


Заедно со Бодан Арсовски, Стефановски членувал во неколку скопски групи, како: ВИС „Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“ (групата на легендарниот клавијатурист Мики Петковски). На почетокот на 1976 година Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушески и Димитар ја оформиле групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и текстописец. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски претстави, како и телевизиски серии. Како член на „Леб и сол“, Стефановски ги создал незаборавните песни: „Нисам твој“, „Таласна дужина“, „Кумова Слама“, „Жива рана“, „Кантри“, „Као какао“, „Скопје“, „Чекам кишу“, „Чукни во дрво“ итн.

Во 1994 година, Стефановски го снимил својот прв самостоен албум, Cowboys & Indians (Third Ear Music, 1994.), а по него следеле: Sarajevo (Third Ear Music, 1996.), Gipsy Magic (Third Ear Music, 1997.), Крушево – заедно со Мирослав Тадиќ (MA Recordings, 1998.), Влатко Стефановски Трио (Third Ear Music, 1998.)
Live in Belgrade – заедно со Мирослав Тадиќ (Third Ear Music, 2000.), Кино Култура (Third Ear Music, 2001.),
Treta majka (Avalon, 2004), Сеир (2014.), Мајчин јазик (2017.) и Taftalidze Shuffle (Croatia Records, 2020.).


Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски добил повеќе награди, како:

Естрадната награда на Југославија,
Наградата (за животно дело) Трајни вредности во Македонија,
Наградата на Стериино позорје, за музиката во претставата Ослободување на Скопје,
Три награди „Златен грамофон“ на фестивалот „Месам ’87“,
Повелба на градот Чикаго


Во 2023 година добил Орден за заслуги за Македонија поради придонесите кон македонската музика во состав на „Леб и сол“.

Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Влатко и му посакува многу здравје и уште многу успеси на музички план.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …