И’ Jax Jones na Ohrid calling 2018 – можност за бесплатен влез!

„Авалон“ го најавува настапот на една од најактуелните хаус ѕвезди во моментов, новиот хитмејкер JAX JONES на OHRID CALLING 2018, вечерта на Илинден, нa 02. август, помеѓу големите фестивалски настапи на Dimitri Vegas & Like Mike (на 01. август) и Armin van Buuren (на 04. август).

Токму поради тоа, Авалон Продукција одлучи дека сите што ќе набават блок влезници за двата фестивалски дена (за 01. и 04. август), со истите да може БЕСПЛАТНО да присуствуваат на денот на настапот на JAX JONES на главната сцена на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид!
Сите оние, пак, кои ќе сакаат да го гледаат само неговиот настап на OHRID CALLING, а немаат набавено блок влезници, тоа ќе може да го сторат со купување на влезници по многу популарни цени од:
500 денари ПАРТЕР
700 денари ФАН ПИТ


JAX JONES јавноста го запозна со синглот „You don`t know me“ кој молскавично одекна во светската музичка индустрија, се најде на врвот на сите топ листи и за кратко стана и огромен клубски хит.
На годинашните БРИТ награди овој млад диџеј доби и номинација за оваа песна и тоа во категоријата за „Најдобар сингл“. Неуморниот Англичанец неодамна ја објави и нумерата „Instruction“ со глобалната поп сензација Demi Lovato, а моментално е актуелен со „Breathe“ која ја освојува светската музичка сцена.
Влезниците за JAX JONES ќе бидат пуштени во продажба во сабота, од 09. часот наутро преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.
Ве потсетуваме дека влезниците за Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren можете да ги набавите по цени од:
Единечни:
1000 денари ПАРТЕР 2
1500 денари ПАРТЕР 1
2000 денари ФАН ПИТ
Блок билети за двата фестивалски денови:
1.600 денари ПАРТЕР 2
2.100 денари ПАРТЕР 1
3.000 денари ФАН ПИТ

Одиме понатаму, велат од Авалон Продукција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …