И ИСТУРИЛ ДРОГА ВО ПИЈАЛОК: Исповед на девојка која била во канџите на опасноста! Еве како успеала да се спаси!

Лили на време забележала што се случува!
Една девојка сподели шокантна исповед на својот Твитер профил. Таа ја споделила приказната за да им ги отвори очите на другите девојки и да не се стават во опасност во која таа се нашла.
Имено, една девојка по име Лили Повлес забележала нешто многу чудно за време на едно ноќно излегување. Непознатиот маж се обидувал да стигне до нејзиниот пијалок за да и стави нешто во чашата.
Забележувајќи што се случува околу неа, девојката намерно дозволила ситуацијата да се одвива, за да види што ќе се случи. Во еден момент девојката забележала дека мажот и истура нешто во чашата. Ситуацијата ја свртела во своја полза, искористувајќи го невниманието на мажот кој и ставил апче во пијалокот и го полила токму врз него.

This image has an empty alt attribute; its file name is droga-vo-pijalok-1.jpg
По извесно време, Лили го пронашла момчето како лежи во езерцето, онесвестено – пренесува Daily Mail.


Таа ја објавила својата приказна на Твитер и напишала:
– Синоќа двапати се обиде да ми ја земе пијачката, а подоцна нешто ми уфрли внатре. Ги разменив нашите чаши и кога тргнав, го најдов како лежи во езерцето пред клубот. Ти благодарам, кој и да си, повеќе би сакала ти да лежиш така отколку јас – напишала Лили.
Оваа објава предизвикала лавина коментари, додека едни ја обвиниле дека измислува се, други ја поддржале. Исто така, се јавиле многу девојки кои имале слично искуство.
– Многу мажи не веруваат во оваа приказна бидејќи ним не им се случува. Би сакала да искусат само еден состанок како жена – пишувало во еден коментар

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …