И’ Apple ќе претстави iPhone на преклопување

Наводно во американската компанија Apple интензивно работат на преклопен iPhone кој што според аналитичарите би требало да се појави на пазарот за две години.
Како што пренесуваат американските медиуми, Apple соработувале со азиски партнери со цел да биде дизајниран нов iPhone кој ќе има радикално поинаков дизајн во однос на досега познатите модели. Овие информации ги потврди и аналитичарката Вамси Мохан.
„Очекуваме оваа есен да се појават на пазарот непроменети OLED верзии на iPhone на Apple. Нашие податоци говорат дека Apple работ со други компании на производство на телефоно на преклопување кој што би можел да се користи и како таблет. На пазарот би требало да се појави во 2020-та година“, изјави Мохан.

Јужнокорејските медиуми во октомври минатата година, според анонимни извори од технолошката индустрија во оваа земј, објавија информации дека Apple се здружиле со LG. Тогаш беше наведено дека можно е Apple да порача OLED панели на преклопување чие што производство би започнало во 2020-та година.
Samsung и Lenovo веќе претставија прототипови на паметни телефони на преклопување, но се уште ниту еден телефон од овие компании се нема појавено на пазарот. Сепак, плановите на Apple јасно покажуваат дека нема да чекаме уште долго телефоните на преклопување да се појават во продажните салони.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …