Хрватите не престануваат да го коментираат фустанот кој Лепа Брена го носела на дочекот на Нова ТВ

Пејачката ѕвезда Лепа Брена настапила во однапред снимената новогодишна програма на Нова ТВ, а гледачите не престануваат да го коментираат нејзиниот избор на фустан.


View this post on Instagram

A post shared by BRENAFANPAGE (@brenafanpage)



62-годишната пејачка се појавила во црн фустан, над кој било исцртано голо женско тело. На социјалните мрежи започнала лавина од коментари.

„Зошто?”
„Фустанот…вероојатно не е некоја погрешно разбрана уметност“, „Зошто?“, „Што е ова?“ и „Хорор“, се само дел од коментарите на гледачите на кои нејзиното модно издание воопшто не им се допаднало, а исцртаните огромни женски гради ги коментирале како „бизарни“ и „многу невкусни“.

Некои фанови застанале во одбрана
Но, и покрај негативните коментари, некои обожаватели го бранеле нејзиниот избор на официјалниот Инстаграм профил на пејачката: „Оставете ги приказните за лошиот вкус, ова е силна порака за еманципација и слобода на жените на Балканот, каде секоја убава и успешна жена преживува линч. “, напишал еден.
Инаку, Лепа Брена за Новата настапи во ресторанот „Топчидерац“ во Белград.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …