(ВИДЕО) Стјуард брутално искрен, патниците во авионот не го очекуваат ова: „Не знаете колку е валкано“

Стјуардот Томи Чимато во видео на својот профил на TikTok објаснил што треба да се избегнува додека летате со авион, а главно се работи за работи кои речиси никој не ги зема предвид.
Томи навел пет работи кои треба да се избегнуваат во авионот, од одење во тоалет и пуштање вода до носење кратки панталони, со посебен акцент на второто.
„Немојте ни да се обидувате да носите шорцеви додека сте во авион. Исто е и со прозорците на авионите, немате поим колку можат да бидат валкани. Носете долги панталони бидејќи на тој начин помалку бактерии ќе ви се нафрлат на кожата“, објаснил тој и потоа нагласил како не треба ни да го пуштате тоалетот, барем не со голи раце.
„Не допирајте копчето за ослободување вода со голи раце. Користете салфетка или парче тоалетна хартија, тоа копаче е почва за инфекција и секој го допира со валкани раце“, објаснил тој.
Тој исто така објаснил зошто не треба да ја потпрете главата на прозорецот. „Не заспивајте и не ја потпирајте главата на прозорецот. Не сте први што го направиле тоа и немате поим колку луѓе го допираат со раце”, вели Томи.
Тој исто така рекол дека треба да пиете многу вода и дека никогаш не треба да се двоумите да побарате од стјуардесата се што ви треба, особено ако не се чувствувате добро.

@tommycimato #greenscreen #fyp #flightattendant #airline #aviation #travel #flights ♬ Blue Blood – Heinz Kiessling & Various Artists


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …