Холивуд попушта: Зголемен бројот на жени и луѓе од разни општествени групи

Во филмовите на холивудската продукција е зголемен бројот на женски ликови и ликови на луѓе кои претставуваат недоволно застапени општествени групи, покажало истражувањето на Иницијативата за инклузија Аненбеерг.
Анализирани се 100. најбарани филмови објавени во САД во 2018. година и заклучиле дека дури 40. филмови имало жени во главните улоги или една од главните улоги во споредба со 32. во 2017. година. Моменталниот број е најголем откако почнало спроведувањето на студијата во 2007. година.


Истражувањето покажало дека разноликоста во тоа подрачје исто така се подобрува, т.е. од 40. филмови во 11. од нив во главните улоги имало ликови за кои е кажано дека доаѓаат од „недоволно застапените расни/етнички групи“. Интересно е да се истакне дека во оваа група биле само четири или пет глумци во 2017.година.
Пошироката слика за различностите во Холивуд исто така покажала пораст, т.е. во текот на минатата година во 28. филмови играле ликови кои доаѓаат од „недоволно застапени групи“ во однос на 21. во 2017. година. Тоа е драматичен пораст во споредба со првиот вкупен резултат на студијата до 2007. година кога биле пријавени само 13, а во 2011. година ги имало најмалку – само девет.


Др. Стејси Л. Смит, директорка на иницијативата за инклузија Аненберг изјавила дека членовите на филмската индустрија во 2018. година конечно презеле мерки за да создадат содржини кои подобро го одразуваат светот во кој живееме.
Во студијата посебно биле истакнати филмовите „Black Panther” и „Crazy Rich Asians”, јавува Guardian.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …