Халкбанк со нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода

Халкбанк создаде нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода, кој вклучува и бројни други поволности. Со фиксна каматна стапка од 5% за првата година и 5,5% фиксна каматна стапка за втората година, како и без надоместок за одобрување на кредитното барање ибез трошоци за предвремена отплата на кредитот, овој кредит е достапен за секого и за секаква намена.

Максималната вредност на потрошувачкиот кредит е до 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 10години.


Потрошувачките кредити се едни од најбараните банкарски производизатоа што се идеални за финансирање на најразличните потреби на граѓаните, и тоа по поволни услови.

Трошокот за полисата за животно осигурување, која е задолжителна за овој тип кредит е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот.Полисата од незгода е во вредност од 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.


Халкбанк АД Скопје во моментов има 43 филијали во 20 градови во Македонија каде се достапни услугите на банката како и дополнителните информации за секој од производите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот пророк Исаија

Светиот пророк Исаија Овој голем пророк беше од царски род. Роден во Ерусалим од татко …