„Господ постои, името и е Петрунија“ победник на Филмскиот фестивал во Херцег Нови

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митервска ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на штотуку завршениот Филмски фестивал во црногорскиот град Херцег Нови, соопшти денеска продукцијата „Сестри и брат Митевски“.
Оваа десетта награда во низа за овој филм ја додели петочлено жири во состав Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, нашиот актер Никола Ристановски, Јелена Мишељиќ, продуцент од Црна Гора и српскиот режисер Никола Ључа.
Во образложението на наградата жирито оценува дека „Господ постои, името и е Петрунија“ претставува „политичко провокативната модерна бајка, која одекнува, боли и засмејува“.

Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ информира дека во текот на месец август филмот ќе биде прикажан на седум фестивали ширум светот, меѓу кои и Филмскиот фестивал во Мелбурн, Меѓународниот филмски фестивал „Исток и Запад“ во Русија, на отворањето на Фестивалот „Меѓународен женски филм“ во Сеул, на Сараевскиот филмски фестивал, како и на Венецијанскиот филмски фестивал, каде ќе биде емитуван како еден од трите кандидати за престижната награда на Европскиот парламент, „Лукс“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …