Голем пресврт на температурите:За што да се подготвите наредните денови


Од синоќа се чувствува продорот на значително потоплата воздушна маса која започна да продира од јужните географски широчина и која веќе од денес (вторник) во текот на денот ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот кои на повеќе места ќе се искачат до околу 10 степени па и над 10.ттиот степен. Во централните и југоисточните предели истите ќе се искачат до околу 12-14 степени.
Во следните денови температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат повисоки од просечните за околу 10 степени а можеби на некои места и за повеќе од 10 степени што е премногу.
Заладување е предвидено дури за пет до шест дена.
Но, во продолжуавње на неделата ќе биде надпросечно топло, за овој дел од годината, делумно сончево со местимични облачни периоди. Ќе има и ветер, умерен, но во делови и доста силен. Се очекува наредните денови тепературите
во Македонија да се движат од 10 до 14 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НОВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД КЕЈТ И ВИЛИЈАМ ГО УРНАА ИНТЕРНЕТ – „Каква убавина и моќ“, НА ОВА МЕСТО прославија 14 години брак: Принцезата во ТЕСНИ ФАРМЕРКИ И ПРЕКРАСНА ЈАКНА стилизирана за десет

– Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се огласија по повод 14-годишнината од бракот – Целиот …