(ВИДЕО+ФОТО) Познатата, ТВ дебела мама Џун, ослабнала 135. килограми, а сега ќе се натпреварува и на изборот на убавина


Мама Џун ослабнала повеќе од 135. килограми и денес изгледа непрепознатливо…
Ако сте го следеле американското реално шоу „Here Comes Honey Boo Boo“ тогаш сигурно сте се изненадиле со трансформацијата на дебелата мама Џун.
Познатата ТВ мама сите ги воодушевила со својот „богат“ живот и не се срамела од својата претерана тежина, во новата сезона гордо го покажува својот нов изглед. Мама Џун ослабнала повеќе од 135. килограми и денес изгледа непрепознтливо. Но, не застанала тука па во најавата на втората сезона може да се види како ќе се натпреварува на избор на убавина.

Во подготовките за натпреварот и помогнува нејзината ќерка Алана Honey Boo Boo поради која и се прославиле, а која се натпреварувала во познатите детски избори на убавина и станала ѕвезда на шоуто „Toddlers and Tiaras“. Во новата сезона која со емитување ќе започне на 12. јануари, мама Џун ќе заврши во болница но не е откриено зошто…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Велигденска традиција во с. Градец – празнична магија под отворено небо

Со голема радост Ве покануваме на манифестацијата „Велигденска традиција“, која оваа година за првпат ќе …