Го славиме 8 Септември – Денот на независноста: Отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11:00 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам.

This image has an empty alt attribute; its file name is otvoreni-muzei.png
Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.


This image has an empty alt attribute; its file name is teatarska-pretstava.png
Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава за својата верна публика, на Денот на независноста, 8 Септември, кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Претставата, која е лесно приспособлива за отворен простор, е една од оние што поради својата интерактивност со детската публика е долги години на репертоарот на Театарот. Режијата е на Дарин Петков, а играат: Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …