ГЕТЕ-институт и ОСТЕН – проект за дигитални карикатури на тема ЕУ

Препознавајќи ја и почитувајќи ја карикатурата како „најдемократскиот израз на секое општество” (Карел Чапек), ГЕТЕ-институт Скопје и ОСТЕН Светската галерија на карикатури Скопје го започнаа проектот за дигитална карикатура ЕУ – работа во тек…

Основна цел на проектот е да се почувствува пулсот за тоа како „будното око на општеството” – карикатуристите, ја перцепираат ЕУ и преку карикатурите да се пренесат пораки за европските вредности – заедништво, солидарност и заедничка иднина.


Накусо, проектот ги содржи следните активности:

– Два конкурси (отворени повици) за дигитални карикатури на тема „ЕУ” (еден за млади карикатуристи 18-35 години / еден за етаблирани карикатуристи, над 35 години)


– Онлајн настан (онлајн дискусија на тема „ЕУ” и симултано „цртање во живо” со победниците на конкурсот за етаблирани карикатуристи)

– Креативна работилница (3-дневна работилница за процесот и техниките на креирање на карикатури која ќе ја држи првонаградениот карикатурист на конкурсот за етаблирани карикатуристи)


– Две онлајн изложби (една за млади / една за етаблирани карикатуристи) и една заедничка изложба на карикатури во галерија ОСТЕН, Скопје (како завршен настан на проектот).

Повеќе за проектот можете да прочитате тука: http://www.osten.mk/eu-work-in-progress

Од вчера започна ОТВОРЕНИОТ ПОВИК #1 (за млади карикатуристи) и повеќе за првата активност на проектот прочитајте тука: http://www.osten.mk/otvoren-povik-1

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …