Фрлате празни тегли? Подобро не, тие можат многу добро да се искористат

Веројатно имате многу тегли во вашата кујна – оние со кисел зеленчук, џемови, нутела, мед и разни други намази, сосови и паштети. Не мора да ги фрлате, пренаменете ги за нешто друго.

Чување намирници



Измијте ги во топла вода, со детергент и исушете ги. Не мислиме само да ги избришете со крпа – треба добро да се исушат за да не остане ниту малку влага. Ова е единствениот начин правилно да се складираат семките, зачините, па дури и брашното ако теглата е поголема. Најдобро е да ги оставите теглите на собна температура преку ноќ по миењето и бришењето за да се исуши и најмала капка.

Подготовка на дресинг


This image has an empty alt attribute; its file name is prazni-tegli-spremanje-dresing.jpg
Кога ќе ви остане малку мед во теглата со мед од страните што не можевте да ги соберете, истурете малку оцет и двојно масло, малку сенф, лимон, сол и бибер и силно протресете. Ќе добиете многу фин прелив за салата. Истото можете да го направите и со чиста тегла – само додадете ги состојките и протресете додека не се соединат.

Плус е што вака подготвениот прелив можете да го чувате во фрижидер и само да го прелиете врз салатата директно од теглата – нема купишта извалкани садови.


Зимница

This image has an empty alt attribute; its file name is prazni-tegli-zimnica.jpg
Ако знаете дека ќе правите зимница, измијте ги и зачувајте празните тегли бидејќи добро ќе ви дојдат. Секоја нова тегла што ќе ја купите ќе ве чини неколку денари, а ако се подготвите на време, ќе треба само да купите нови капаци.

Не ги користете веќе употребените бидејќи може да пропуштаат воздух, што значи дека целата зимница може да ви биде уништена. Веруваме дека на повеќето од вас им пречат етикетите на теглите, но лесно се вадат – само натопете ја теглата во топла вода со детергент за садови и оставете да отстои околу половина час, а можеби и подолго. Лесно ќе се одлепи со погрубата страна на сунѓерчето.

Салата за одење

This image has an empty alt attribute; its file name is prazni-tegli-salata-to-go.jpg
Сега кога надвор е малку потопло, салатите се добар избор за брз оброк. Згодно е да ги ставите во тегла, по редослед да не се навлажнат или овенат ниту еден слој. Најдобро е зачините да ги додадеете непосредно пред користење за да не го сменат вкусот. Дресингот можете да го подготвите во друга помалечка тегличка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …