Пред да одите на одмор ИСКЛУЧЕТЕ ГИ ОВИЕ АПАРАТИ ОД СТРУЈА

Пред да заминете на одмор, треба да исклучите одредени апарати, за да не предизвикате штета или непотребни трошоци во ваше отсуство.
Што треба да исклучите кога одите на одмор?
Некои апарати може да се расипат, некои сепак трошат струја иако не работат, а некои може да предизвикаат дефект.

Апарати што треба да ги исклучите од струја
Модеми, рутери и уреди кои имаат надворешен полнач: мобилни телефони, конзоли за игри, лаптопи, модеми, рутери и сите уреди што имаат свој дополнителен полнач треба да се исклучат од приклучокот, бидејќи полначите, без разлика дали уредот работи или не – троши струја.


Малите апарати за домаќинство: блендерите, тостерите, бокали за топла вода, сите апарати со тајмер може да бидат потенцијално опасни додека не сте дома. Затоа е најбезбедно да ги исклучите. За заборавените – сликајте празни приклучоци.

This image has an empty alt attribute; its file name is isklucuvanje-aparati-od-struja-1024x482.jpg


Уреди во мирување: Сите уреди што ги контролирате од далечина не се навистина исклучени и безбедни додека не го исклучите напојувањето.

Апарати што треба само да ги исклучите
Клима: Се што треба да направите е да ја исклучите, не мора да го прекинувате напојувањето.
Бојлер: Сè што треба да направите е да го исклучите бојлерот, исто како кога се туширате.


Не е струја, но е корисно
Пред одморот треба да го затворите главниот вентил за вода – на тој начин сте заштитени од поплави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …