(ФОТО) Ѕверка малку се запуштил: Погледнете како денес изгледа миленикот на жените од серијата „Сексот и градот“!

Вревата на улиците во Лос Ангелес, Крис Норт накусо ја заменил со навалицата на плажите во Мајами…
Минале осум години откако американскиот глумец последен пат го играл ликот на Ѕверка во втората филмска адаптација на серијалот „Сексот и градот“.
Во меѓувреме малку се „опуштил“ па ретки посетители на плажите во Мајами, каде се одморал, во него го препознале фаталниот Ѕверка.
Многу жени ќе потврдат дека привлечноста на мажот пред се’ се огледа во неговата елоквенција и шарм, а дури потоа во физичкиот изглед, па затоа и воопшто не би обрнувале внимание на ова ноншалантно издание и стомак на 63. годишниот Крис.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …