(ФОТО) Повеќе од две милијарди луѓе ќе ја следат венчавката на принцот Хари и Меган Маркле: Како минала првата проба?

Кралската венчавка на Меган Маркл и принцот Хари привлекува огромно внимание во целиот свет, па се очекува директниот пренос од  настанот да го следат повеќе од две милијарди луѓе ширум светот, барем толку ја следеле венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

И’ додека сите нетрпеливо чекаат да видат како ќе изгледаат деталите од самата прослава, тие вчера одржале генерална проба.


Поворката била спроведена околу замокот Виндзор, а илјадници луѓе воодушевено го гледале овој спектакл во исчекување на големиот ден. 

Целиот град е накитен и подготвен за прослава, а знамиња се веат на секој чекор.

Идните сопружници вчерашниот ден го минале во замокот Виндзор, за да присуствуваат на генералната проба и да се уверат дека се е како што планирале.


Папараците ги фотографирале во автомобил, а додека тие насмеано гледале еден во друг, на социјалните мрежи се појавиле коментари дека изгледаат премногу заљубени.

Меган непосредно пред венчавката со сите ги споделила лошите вести, изјавувајќи дека нејзиниот татко Томас Маркл нема да присуствува на кралската венчавка во сабота, како и дека со самото тоа нема да ја одведе до олтарот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …