(ФОТО) Зошто градот не открива дека „Парни ваљак“ ќе ги забавува скопјани за Нова година?

Како што веќе пишувавме Аки Рахимовски се опорави од мозочниот удар и продолжи со концертите со „Парни ваљак“, а во едно свое интервју најави и’ дека за Нова година ќе пее на плоштадот во Скопје….
Повеќе можете да прочитате ТУКА
Но, иако прашавме во град Скопје кој се’ ќе пее на новогодипшната забава на 31. декември на градскиот плоштад сеуште не добивме одговор…
Секако прашавме бидејќи имавме информација дека скопјани ќе го гледаат и слушаат „Парни ваљак“,а ни беше соопштено дека градоначаникот набргу ќе објави кој с еќе пее на новогодишната ноќ.


Потврда пак дека „Парни ваљак“ за Нова година ќе свират на градскиот плоштад во Слопје добивме и од РТЛ кои правеа тема за тоа каде се’ и за колку пари ќе настапуваат хрватските изведувачи во новогодишната ноќ…
Беше соопштено дека „Парни ваљак“ ќе свири во Скопје но не беше познат износот….што е веројатно професионална тајна…Иако се наведуваше дека во Хрватска најплатена ќе биде, на пример, Нина Бадриќ која ќе добие 20.000 евра…што наведува логичен заклучок дека „Ваљак“ не би тргнувал од Хрватска за Скопје за помалку од 30.000 (ако не и повеќе) евра бидејќи сепак се име и сепак е Нова година.


Но, кога станува збор за концерт и забава која се плаќа од џебот на граѓаните не би требало да има тајни…
Останува да почекаме господинот Шилегов да „пушти срце“ и да ни каже кого се’ скопјани ќе можат да видат на 31. декември…За „Парно ваљак“ знаеме, но не и кои се останатите изведувачи и како градот ја замислил последната ноќ од годината!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …