Турскиот актер Озџан Дениз кој досега имавме прилика да го гледаме во неколку серии во главна улога, доживеа најголема среќа кога му се роди син, а истовремено доживеа и огромна тага.
Имено, тој на 29.ти април оваа година го доби својот син, стана горд татко и на социјалните мрежи објави фотографии со бебето.
И’ додека во болницата на еден спрат уживаше со синот, на интензивна нега на четвртиот спрат од истата болница починал неговиот татко Садик кој со години се борел со рак на белите дробови и дебелото црево.