(ФОТО) „Oхридски Трубадури 2018“: Јубилеј на фестивал без македонски ѕвезди!

Не е едноставно да се каже дека се прославува 25. години работа, а особено на еден музички фестивл на кој за четврт век поминале голем број изведувачи. И’, нели е номално на јубилејот да ги видиме сите тие познати имиња кои оставиле своја трага на фестивалот и кои ги добиле наградите…или ги испеале песните
според кои се сеќаваме на Охрид и овој фестивал.

Но, наместо тоа организаторите одучија токму за јубилејот на поп вечерта да настапат главно млади и недоволно афирмирани лица…И’, повторно има гости од странство кои „чинат“ и хонорар и пат,а македонските пејачки имиња кои оставиле трага во нашата музика ги нема.Или за нив нема „пари“ ниту хонорар…
Излишно е да ги набројуваме сите македонски изведувачи кои учествувале на фестивалот, списокот е доста голем, па за 25. години секако дека ги има многу, но зошто никој од нив нема да биде присутен на 25. годишнината од „Охридски трубаадури“ можат да одговорат единствено оргнизаторите…
Утревечер во Охрид со песните создадени во духот на македонскиот фолклор ќе започне 25.тото јубилејно издание на Меѓународниот музички фестивал „Охрид фест- Охридски трубадури“.Во официјалната програма на Фолк вечерта се наоѓаат 20. песни кои ќе ги исполнат познатите македонски интерпретатори – Петар
Нечоски , Благица Павловска , Кате и „Нели ти реков“,„Скопски Боеми“,„Молика оне“, Милован Секулоски, Зоран Марковски и Мерима Његомир,а своја шоу програма (додека траат гласањата на жиријата) ќе има Нада Обриќ.


„Мислам дека Фолк вечерта ќе биде едно од подобрите изданија на досегашните фестивали.Има прекрасни песни кои ги запазуваат карактеристиките на македонскиот фолклор, стилски се различни но со добри интерпретации“, вели Цане Петров,уметнички директор на Фолк вечерта.


06.септември – Поп вечер
1.Ѓерѓи Пандо – За тебе
м. и т. Ѓерѓи Пандо ар. Димче Китрозоски
2.Александар Здравков – Малечка
м. и т. Александар Здравков ар. Жарко Настески Точак
3.Сашко Андриески – Остани
м. и т. Сашко Андриески ар. Драган Ристовски
4. Рената Блажевска – Љубовен печат
м. и ар. Борче Шабаноски т. ЦанеТрајцевски
5.The G Notes – Кој ли ѓавол
м. Константин Карев – Глигор Гошев т. Константин Карев ар. Глигор Гошев –Филип Динев
6 Анастасија Аврамовска – Ти си мојот херој
м. Иле Спасев т. Иле Спасев -Анастасија Аврамовска ар. И.Спасев А.Сирилик
7.Симеон Коруноски – Што ни остана
м. и т. Симеон Коруноски ар. Иле Спасев
8.Горан Наумовски – Црно-бел филм
м. т. и ар. Слободан Наумов
9.Дует ЧОКИ – Песната е наша судбина
м. и ар. Горан Милосески т. Огнен Неделковски
10.Жармена – Сите мои сни
м. т. и ар. Димче Китризоски
11.Денис Димоски – Не знам
м.Филип Неделковски т. Огнен Неделковски ар. Рубин Димоски
12.Трио ЏЕНТЛЕМЕНС – Убавина
м. Хрис Марин т. Огнен Неделковски ар. Владимир Дојчиновски
13. Лени Партикова – Спомени
м. и ар. Горан Милосески т. Ефтимија Јованова
14.Огнен Здравковски – Разбуди ме
м. Крис Марин т. Огнен Неделковски ар. Владимир Дојчиновски
15. Зои Блаж – Свинг
м. и т. Рики Марин ар. Владимир Дојчиновски
16. Пепа Димовска – Ти си тој
м. Крис Марин т. Огнен Неделковски ар.Владимир Дојчиновски
17.Филип Јордановски – Без тебе
м. и ар. Владимир Дојчиновски т. Ристо Самарџиев
18. Лена – Дојди или оди си
м. т. и ар. Владимир Дојчиновски
Во паузата од фестивалот свој рецитал од песни за љубовта (автори Александар Митевски и Григор Копров) ќе има познатиот бизнисмен и љубител на музиката Трифун Костовски.


Со голем интерес се очекува ИНтернационалната вечер на која покрај наградените песни од Поп вечерта во борбата за награди ќе учествуваат и познати пејачи од Балканските земји Пантелис Кастанидис(Грција),групите “Балканика (Србија) и „Колонија“ – не е познато дали ќе дојде групата или
Индира, поранешната пејачка кој премина во соло води (Хрватска) , Ален Исламовиќ (БиХ), Дарија Швајгер (Словенија), Дениса Мерсини (Албанија), Божидара Симеонова (Бугарија)….
Водители на Поп и Интернационалната вечер ќе бидат Марјана Станојковска и Васил Зафирчев.
Македонската телевизија ќе врши директен пренос на Фолк, Поп и ИНтернационалната вечер со почеток во 20:30 чаасот а јубилејното 25.то издание на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури покрај гледачите од Македонија ќе можат да го проследат и љубителите на музиката од Бугарија,Босна и
Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија и гледачите од целиот свет преку сателитските канали на Македонската телевизија и австралинската ИНТВ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …