Уште еден ден до крајот на УЛТРА РАСПРОДАЖБА во Капитол мол!

На 6. септември во Капитол мол завршуваат попустите и акциите, но не и забавата и можностите

Доследен на своите цели, Капитол мол веќе 6 дена е исполнет со попусти до -70%, забава и изненадувања. Сепак, за тие кои сѐ уште копнеат по тоа искуство, ќе имаат уштееден ден да го почуствуваат тоа, затоа што УЛТРА РАСПРОДАЖБА и Back to school завршуваат утре, на 6. септември.


Молот ги дуплираше своите активности сѐ со цел да им понуди на сите незаборавно искуство. Голем број на семејства се забавуваа и уживаа за време на „Забавното шоу за првачиња“. Таму настапија 8 училишта од општина Аеродром, музичкото училиште Пијанофорте и прекрасните Поточиња. Благодарение на општина Аеродром и сите инволвирани, позитивната енергија од првиот школски ден го преплавитрговскиот центар креирајќи атмосфера која посетителите засекогаш ќе ја паметат.

Капитол мол е место каде секој може да го најде тоа што го бара. Првачињата го наоѓаат своето прво и омилено ранче, тинејџерите може да го купат уникатното парче облека кое ќе им ја одбележи школската година, родителите со сигурност ќе го најдат своето катче за одмор и уживање.
УЛТРА РАСПРОДАЖБА и Back to school во Капитол мол се надополнети со бројни изненадувања и наградни предизвици. Настаните и активностите од оваа природа ќе продолжат затоа што нивниот ефект беше почуствуван од илјадници посетители.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на сликовницата „Другарко“

Во дворот на Градската Библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје, денес, со почеток во 17:00 часот, …