Оптичката илузија ги полуде социјалните мрежи, а на многумина ништо не им е јасно кога зјапаат во неа
Оптичката илузија која пред неколку дена беше објавена на Редит не престанува да предизвикува реакции. Некои сметаат дека споменатата фотографија би можела да биде знак за валкан ум, но има невино објаснување.
Сликата е објавена под наслов „самоуверена дама на фестивалот“, а на неа се гледа пар кој се држи за раце додека пред нив е жена која лежи на стомак на тревата.
Многумина коментирале дека не им веруваат на своите очи.
„Мислев дека сликата покажува навистина самоуверена жена во танга бикини додека не ја зумирав фотографијата“, „Знаев дека тоа не е нејзиниот задник, но ми требаше една минута да сфатам што навистина е тоа“, напишале некои.
Сепак, некои не можеле да ја решат мистеријата.
„Може ли некој да ми помогне? „Дури и откако сфатив што гледам, сè уште сум збунет“, напишале некои во коментарите.
Имено, трагата е на ранец на маж кој носи шорцеви и седи на камперско столче. Неговата рака е потпрена на ногата и се чини дека со коленото формира експлицитен облик.
Фото: Принтскрин/Reddit