Сопругата на Алберт од Монако, принцезата Шарлин од Монако, која медиумите ја нарекоа „најтажната принцеза на светот“, излегла на балконот на кралската палата со сопругот Алберт и ќерката Габриела.
Исто така, Шарлин продолжува да ги загрижува обожавателите, бидејќи овој пат го оправдала прекарот на најтажната принцеза. Целата во црно со црвен кармин, без насмевка, одвреме-навреме само ја погледнувала ќерката.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Шарлин поголемиот дел од минатата година го помина во Јужна Африка, откако и беше дијагностициран хроничен синузитис за време на нејзиното хуманитарно патување. Поради болеста завршила во болница, што ја спречило брзо да се врати во Монако, јавуваат странските медиуми.
А откако во ноември конечно пристигна во Монако, набрзо го напушти бидејќи поради исцрпеност заврши во Швајцарија.
„Таа очигледно беше исцрпена, физички и емоционално. Беше преплавена со емоции и не можеше да се справи со обврските, животот воопшто, па дури и семејниот живот”, изјави Алберт за списанието People во ноември.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram