(ФОТО) За што зборувале кралските браќа? Експертите читале од усните!

По погребот на принцот Филип, нивниот дедо, принцовите Хари и Вилијам биле забележани како заедно заминуваат и зборуваат, што е прв пат јавноста да ги види заедно откако помладиот брат се повлече од кралските должности.
Погребот на војводата од Единбург и сопругот на кралицата Елизабета Втора беше повод за првиот состанок на принцовите по повеќе од една година, кога принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја напуштија Велика Британија. Врската помеѓу двајцата браќа се олади доста по одлуката да ги напуштат кралските должности, а потоа и шокантното интервју што Хари и неговата сопруга Меган Маркл и го дадоа на Опра Винфри во кое тие го обвинија кралското семејство за недостаток на емпатија и расизам.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)


Кога браќата ги извадиле црните маски по завршувањето на службата, читачи од усните тврдат дека Хари му рекол на својот брат дека погребот е „како што тој сакал“, пренесува британски The Sun. Принцот Вилијам одговорил: “Да, беше одлично, нели?”
Хари, наводно, го контактирал своето семејство пред да дојде во Велика Британија од Соединетите држави, првпат по една година, со цел да ги реши несогласувањата пред погребот на принцот Филип. Неговата сопруга Меган, која е во напредна бременост, наводно многу сакала да присуствува на погребот, но лекарите не и дозволиле.
За време на церемонијата, Хари и Вилијам биле оддалечени а меѓу нив одел братучедот Питер Филипс а во капелата седнале од спротивните страни, свртени еден кон друг. По завршувањето на службата, браќата направиле кратка прошетка заедно, а потоа, според читачите од усните, Вилијам рекол дека службата е убава, особено музиката.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

Експертот за говорот на телото Џуди Џејмс вели дека браќата се утешиле еден со друг по емотивната служба и дека изгледале „опуштено“ во „природниот момент на единство“ додека разговарале по погребот.
„Го видовме Хари како го гледаше Вилијам првиот пат кога излегоа од капелата и се збогуваа од домаќините, но кога тие (Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон) заминаа, Хари ги стигна и одеше и разговараше со нив. После неколку моменти на пријателски разговор, Кејт се повлекла да разговара со другите, оставајќи ги браќата сами во навидум релаксирана хармонија“, рекла Џејмс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …