Не знаела на која прво да и се одмазди…
Сите се фаќале по главата. Додека директорот на училиштето повикал полиција, други наставници се обиделе да запрат една жена додека таа правела „русвај“ и ги тепала девојчињата во училиштето.
Едит Ридл (34) од Џексонвил, Флорида, чекала премногу долго врсничките на нејзината 12-годишна ќерка да престанат да ја малтретираат и да се иживуваат со неа во дворот на училиштето.
Кога нејзината ќерка на 18. март се вратила дома со ишарана јакна и искинат дуксер, на мајката и пукнал филмот. Ги земала боксерските ракавици, бидејќи порано се занимавала со тој спорт и отишла на училиште за лично да се пресмета со 12-годишните девојчиња.
Директорот на училиштето Ду Пон изјавил дека мајката втрчала во дворот и со боксерска ракавица удрила едно девојче кое паднала на земја. Тогаш нејзината ќерка и покажала кој друг ја малтретира, па мајката му пришла на девојчето и буквално го нокаутирала, пишува WJAX.
Потоа им викала никогаш повеќе да не ја допираат нејзината ќерка бидејќи ќе имаат уште поголеми проблеми со неа. Кога дошла полицијата и Едит била уапсена, таа не дала никаков отпор, напротив.
„Знаев дека ќе ме уапсат. Без оглед, нека ме уапсат повторно следниот пат, но малтретирањето на ќерка ми ќе престане еден ден“, изјави Едит Ридл, пренесува Newser.
Фото: Принтскрин/Jacksonville Sheriff’s Office