(ФОТО) За Џенифер Лопез годините се само број: Погледнете ги тие „плочки“ на стомакот!

Иако од настапот ја дели повеќе од еден месец, пејачката не сака нешто да тргне по лошо па веќе започнала со пробите. Така камерите „ја уловиле“ во издание на кое би можеле да и позавидат и многу помлади колешки…
Иако ова лето наполно половина век, за Џенифер Лопез (50) годините се само бројка. Пејачката и глумица сериозно го сфатила настапот на Супер болот кој на распоред е на 3. февруари наредната година.

Иако од настапот ја дели повеќе од еден месец, пејачката не сака нешто да тргне по лошо па веќе започнала со пробите. Така камерите „ја уловиле“ во издание на кое би можеле да и позавидат и многу помлади колешки.
Џенифер за пробата облекла црн тесен топ кој и ги нагласил атрибутите, свиткала пунџа и носела црни очила. 

View this post on Instagram


Baby, it’s warm outside.❤️ #ChristmasInMiami #ChristmasEveSleigh 📸: @arod

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on



Внимание најмногу привлекле задникот и нејзиното вајано цврсто тело на кое посебно се истакнувале „плочките“ на стомакот и мускулите.
Пејачката за време на подготовките за настапот повторно најголемата подршка ја има од свршеникот Алекс Родригез (44) кој ја следи во чекор.  

Инаку, Лопез се израдувала на веста дека е номинирана за Златен глобус за улогата на Рамона во филмот „измамнички од Вол Стрит“. Глуми стриптизерка која заработува пари за себе и детето танцувајќи во клуб.

За потребите на доста обемната улога, пејачката морала да тренира и напорно да вежба за да се доведе во совршена форма, а посетила и неколку стриптиз клубови за да дознае што повеќе за таа работа од девојките кои навистина ја работат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …