(ФОТО) Во недела по 4. пат ќе се одбележи „Ден на Пежо 404“:„Навраќањето на убавите спомени од среќното детство, значи и активација на енергија за креативно делување во актуелниот момент!“

Убаво е што и во ова време на пандемија која не изолира и затвори дома ќе продолжи една традиција која со своите интересни содржини им пркоси на состојбите кои не обременуваат.
Затоа, ако немате ништо планирано за недела, 4. април, можеби ќе биде убаво да прошетате и да ги видите старите модели на „Пежо 404“, да слушнете по некоја приказна врзана за одредено возило и да уживате во позитивната енергија… Секако, и на „Денот на Пежо 404“ ќе бидат почитувани мерките за безбедност – поради ковид 19 – па истото се очекува и од посетителите…

„Во недела 4.04 се одбележува Денот на Пежо 404 по 4 пат.
Неколку примероци од ова легендарно возило ќе се паркираат во 12 часот пред Кафе Манда (зграда ´Тифани´, Партизанска).
Подршка со своето присуство ќе дадат и Клубовите Мини и Буба, со кои редовно одржуваме заеднички патувања во Македонија и странство.



Рутата предвидува искачување на Кале, фото сесија со Скопје во позадината, спуштање, па долж Партизанска до Ѓорче и Назад.
Одбележувањето на Денот на Пежо 404 е инспириран од чувството на одговорност за зачувување на историските технолошки вредности кои со поедини свои производи го достигнале својот, но и светскиот врв! Тие се и инспирација за креативноста на идните генерации. Да се возиш со Пежо 404 буди чувство како да шеташ низ музеј, осознавајќи каков бил животот во минатото!
Иницијативата за одбележување на овој ден е од пред неколку години, од страна на неколку наши ентузијасти, кои преку ова, се трудат да ја зачуваат семејната традиција.
Навраќањето на убавите спомени од своето среќно детство, значи и активација на енергија за креативно делување во актуелниот момент. Затоа што поединци богати со убави спомени и љубов имаат способност истата да ја споделуваат со другите луѓе околу себе.
Наш додатен мотив е исто така, да и’ покажеме на јавноста каков бил нашиот вкус за естетика и стандард во шеесетите и седумдесетите години“, најавуваат од „Пежо 404 Клуб МКД“.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …