Метеоролозите најавуваат краток прекин на топлото и сончево време…
Денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Ќе биде топло со дневни температури од 11. до 22. степени, на југот.
За утре (сабота) се наведува променливо облачно со повременo умерен до пороен дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец.Температурите нема да имаат поголеми промени, дневната ќе се движи од 12. до 22. степени, на југот од земјата.
Во недела ќе биде облачно и особено на северот посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално и над 20л/м2) и проследени со засилен ветер. Врнежите ќе бидат од снег на планините, а уште од ноќта ноќта на некои повисоки места ќе се менуваат од дожд во снег.
Минимална температура: 3°C до 8°С. Максимална температура: 6°C до 13°C.
За понеделник се најавува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минимална температура: -2°C до 4°C. Максимална температура: 10°C до 18°C.
Во вторник се враќа убавото проелтно време – че биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Минимална температура: 0°C до 5°C. Максимална температура: 12°C до 19°C, најавуваат од УХМР.