(ФОТО) ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ЗА ОВОЈ ПОДВИГ: Јозеф го соборил светскиот рекорд во стоење на лед – Еве КАКО ИЗДРЖАЛ!

Во Австрија е соборен необичен светски рекорд, и иако се чини дека летото е вистинското време за ваков подвиг, задачата воопшто не била лесна.
Имено, Јозеф Коберл е новиот светски рекордер во стоење на мраз откако во ледена кутија издржал два и пол часа и 57 секунди.


Повеќе од 200 килограми коцки мраз биле потребни за да се наполни стаклената кутија до рамената на Корбел, во која тој стоел само со гаќички за пливање.



Тој се борел, како што рекол, со позитивни мисли против „брановите на болка“ што доаѓале од студот.


“Се борам против болката визуелизирајќи и цртајќи позитивни емоции за да можам да го смирам овој бран на болка. Така можам да издржам”, рекол Коберл.



Мала група луѓе го гледале Коберл како го победил сопствениот рекорд од 30 минути во 2019. година на градскиот плоштад Мелк во Долна Австрија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …