МОЌНИ ЗБОРОВИ – Најдобри совети за животот кои било кога ќе ги слушнете: Овие мудри зборови на Џејн Фонда треба да се запамтат!

Внимателно прочитајте го секој збор
Од почетокот на нејзината кариера до денес, Џејн Фонда ја искористи славата што ја стекна за добри работи, создавајќи платформа за социјален активизам и ширејќи позитивни пораки. Споделувајќи скапоцени животни лекции, таа стана една од омилените холивудски диви за многумина.
Еве неколку нејзини незаборавни зборови:
– „Феминизмот не е само за жените. Феминизмот значи да им дозволиме на луѓето да го живеат животот во потполност, како што сакаат”.
– „Ако соберете доволно сила и почнете да верувате во себе, лесно ќе ги претворите сите слабости во предности. Мора да имате верба во себе, ако не верувате дека можете да направите сè, другите ќе веруваат во тоа уште помалку”.
– „Потсвеста значително влијае на нашите животи. За да бидеме среќни мора да влијаеме на потсвеста со рационален дел од нашето битие. Не можеме секогаш да ги контролираме мислите, но можеме да ги контролираме нашите зборови. Со повторување на одредени желби испраќаме порака до потсвеста, а потоа стануваме господари на ситуацијата”.
– „Душата ја излекувате во моментот кога не се сеќавате на причината за кавгата“
– „Никогаш не е доцна. Секој ден е можност да се започнат работите одново. Никогаш не е доцна да се биде среќен”.
– „Прашајте. Секогаш барајте ново знаење. Тоа нè прави навистина живи”.
-„Секој од нас е дојден на овој свет со мисија. Никогаш не смеете да мислите дека не сте доволно вредни”.
– „За да бидете успешни, мора пред сè и најважно да бидете луѓе. Само добрите луѓе имаат привилегија да бидат наградени со успех”.
– „Човек не учи важни животни лекции од успехот или искуствата на другите луѓе, учи само кога ќе удри во ѕидот со главата. Неуспесите се дел од животот и ние мора да ги прифатиме. На крајот на краиштата, тие не се секогаш целосно лоши, понекогаш се најскапите животни лекции.
– „Едно парче мудрост е да знаете што повеќе не ви треба и да го пуштите да замине од вашиот живот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …