(ФОТО) Познатата глумица се претворила во вистинска домаќинка: Никој не би ја препознал!

Пандемијата на коронавирусите ги запре холивудските филмски продукции, а многу познати актери од топлината на нивниот луксузен дом чекаат крај на кризата со корона и некои подобри времиња за да се вратат на снимањето филмови и серии.
Една од најубавите и најбарани актерки во светот, Скарлет Јохансон (35) го чека крајот на пандемијата во омиленото летно одморалиште на побогатите њујорчани Хемптонс, каде има куќа. Таа времето го поминува со својата ќерка Дороти Роуз, која деновиве го слави својот шести роденден, а тие вчера биле снимени пред супермаркетот.


Гламурот од црвениот тепих, Скарлет, го заменила со удобна облека и заштитна маска. Таа ја врза својата долга руса коса во опашка и не би биле изненадени ако убавата актерка, која носела и очила со диоптер, ја препознале само неколку клиенти во продавницата.
Ќерката среќно учествувала во шопингот, седејќи во количка, која нејзината мајка ја наполнила до работ. Скарлет била облечена во црн едноделен комбинезон, а само чантата „Шанел“, која ја носела преку рамото, оддавал некаков гламур.



Скарлет девојчето го добила во бракот со Французинот Ромен Дауриак, а сега е свршена со комичарот Колин Џаст, со кого моментално живее во Хемптонс.
Скарлет наскоро би можеле повторно да ја видиме на филмското платно, но и на црвениот тепих, бидејќи премиерата на нејзиниот филм „Црна вдовица“ е закажана за крајот на октомври. Се разбира, сè ќе зависи од ситуацијата со епидемијата на коронавирус, поради што датумот 29.април е преместен на крајот на годината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …