(ФОТО) Ужива да го лути бившиот сопруг и татко на нејзините деца: Ангелина Џоли цело богатство ќе му го остави на „златниот син“

“Медокс е нејзиното златно момче, но некој мора да ја потсети дека таа има уште пет деца!”.

Американските медиуми пишуваат дека Ангелина Џоли одлучила целото свое богатство од 116 милиони долари да му го остави на „златниот син” Медокс кој ја поддржувал за време на разводот со Бред Пит.


Сега кога е официјално разведена од Бред, Ангелина одлучила да го врати своето моминско презиме Џоли.


“Бред е бесен поради одлуките на Ангелина да му ги остави парите на Медокс”, наведува добро информираниот извор.

Одделението за деца и семејства во Лос Ангелес покренало истрага околу анонимната дојава дека Бред Пит наводно го нападнал Медокс на лет од Франција кон САД. Со тој настан започнал и распадот на бракот помеѓу Анџелина и Бред, а на крајот целиот случај поминал без тужби, но Пит останал огорчен.


Според изворот, Џоли одлучила да го стави Медокс на чело на нејзиното филмско царство, занемарувајќи ги неговите браќа и сестри.

“Медокс стоеше на мајчината страна во текот на разводот, а поради тоа таа сака да му се оддолжи и да го стави на чело на своето царство. Медокс стана нејзината десна рака кога станува збор за семејството и бизнисот”, наведува истиот извор.

“Медокс е нејзиното златно момче, но некој мора да ја потсети дека таа има уште пет деца!”.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …