(ФОТО) Успешен настап на младата пијанистка Мазнејкова во Тирана

Вчеравечер во организација на македонскиот Културно-информативен во Тирана, настапи нашата млада пијанистка Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта” во Тирана.

Таа, пред многубројната публика се претстави со три дела од композиторот Сезар Франк.


This image has an empty alt attribute; its file name is ivana_tirana3.jpg

Како што информираат од КИЦ-Тирана, нејзиниот настап беше бравурозен, нежен и мајсторски, иако има само 16 години, на што публиката возврати со многу емоции. Директорот и композитор на фестивалот, Фатос Керимај, воодушевен пред публиката изјави: „Taa свири различно од сѐ што сум слушнал, јас и предвидувам блескава иднина”. Веднаш после настапот, мнозина од публиката, посакаа да се фотографираат со неа.


Македонскиот Културно-информативен центар, овој месец продолжува со своите активности, веќе на 27,28 и 29 октомври подготвува „Денови на македонска култура во Корча”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …